Жената дури ги предупредува останатите да не ја прават истата грешка како неа, особено кога сега следува периодот на летни одмори.

Уште кога била на 17-годишна возраст, Лиса Пејс од Тенеси, станала претерано свесна за својата бледа кожа, црвена коса и пеги, а тоа резултиратло со бројни комплекси за своето тело и кожа.

Бидејќи тоа било нешто од што се срамела, 17-годишната девојка сметала дека мора да го реши проблемот, па затоа започнала секојдневно интензивно да се сонча и да оди на солариум.

А бидејќи започнала да добива комплименти за својот нов бронзен тен, девојката уште толку повеќе започнала да ја практикува оваа секојдневна навика.

Но сега, 20 години подоцна, по 86 направени операции- Лиса очајно ги предупредува и останатите и сака да ја крене свеста за огромната опасност што постои од одењето на солариум и сончањето.

„Зависност е. Луѓето ми велеа дека изгледам совршено, па уште толку продолжив и се охрабрив. Само се надевам дека ќе поттикнам некој со мојата приказна да си ја заштити својата кожа и да прави секојдневна проверка“- вели Лиса.

Ракот на кожата кај Лиса бил дијагностициран кога таа имала 23 години, кога лекарите откриле меланом на нозете, при што морала да направи бројни операции, а во еден момент ниту можела да оди.

Но, ниту операциите не ја вразумиле Лиса, при што веднаш по заздравувањето, таа повторно се вратила во солариумот, без да знае дека токму таа нејзина навика била причината за појава на рак.

„Никогаш не видов реклами, а тогаш не постоеја социјални мрежи да ме предупредат за опасноста од солариумот, а кога лекарите ми соопштија дека ракот се вратил и се проширил, останав скршена“- додава Лиса.

А дури подоцна открила зошто болеста постојано се враќа. Сега Лиса има 43 години, поминала невеорјатни 83 операции и како што вели, поминала низ болен пат и на потешкиот начин научила дека не треба да се срамиме од нашето тело и бојата на кожата.