Доколку често страдате од кашлица и други слични респираторни заболувања, највероатајно веќе имате користено бројни лекарства, од кои притоа веќе ви здосадило.

За таа цел, ви препорачуваме да пробате нешто сосема различно. Народната медицина изобилува со едноставни рецепти против кашлица и настинки, а денес ви го претставуваме еден од најефикасните лекови.

Дедино билно вино против кашлица

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица мајчина душичка
  • 1 кафена лажица жолт кантарион
  • 1 кафена лажица цвет од липа
  • 1 супена лажица шипинки
  • 200 мл бело вино

Начин на подготовка

Поставете 200 мл бело вино на водена пареа и додадете по 1 кафена лажица од мајчина душичка, жолт кантарион и цвет од липа, како и 1 супена лажица сомелени шипинки. Оставете ја смесата да врие на воедната пареа во времетраење од 20 минути.

Потоа садот покријте го со капак и складирајте го на топло, да отстои 1 час. Следно прецеде ја смесата.

Се препорачува да се консумираат по 1-2 супени лажици од лекот, 2-3 пати на ден, 1 час пред оброк. Истиот ќе ви помогне брзо и лесно да се ослободите од кашлицата, настинката и вирусните и инфекциски заболувања.