Отежнатото голтање или медицински уште наречно дисфагија е состојба при која луѓето имаат потешкотии со голтањето на храна или течности, додека пак други не можат воопшто да голтаат. Кашлање и чувство на затната храна во грлото се само дел од знаците.

Најчести причини за проблем со голтање

Причини за проблем со голтање

Невролошки причини

  • Мозочен удар
  • Паркинсова болест, мултиплекс склероза, деменција, моторни неврони: Невролошки состојби кои предизвикуваат оштетување на мозокот и нервниот систем со текот на времето
  • Тумори на мозок
  • Мијастенија гравис: Ретка состојба што предизвикува слабеење на мускулите

Вродени или состојби што настануваат при развојот

  • Пречки во учењето: Кога учењето, разбирањето и комуникацијата се отежнати
  • Церебрална парализа: Група на невролошки состојби кои влијаат на движењето и координацијата
  • Расцеп на усна и непце: Чест вроден дефект што резултира со јаз или поделба на горната усна

Состојби што предизвикуваат опструкција и стеснување на грлото

  • Рак на уста или рак на грло (рак на гркланот или езофагеален карцином): Веднаш штом овие карциноми ќе бидат третирани, опструкцијата може повеќе да не претставува проблем.
  • Фарингеални торбички на грло: Се формираат во горниот дел на хранопроводот, што ја намалува можноста за голтање и на течности и на цврсти материи. Станува збор за ретка состојба која главно се јавува кај постарите луѓе
  • Еозинофилен езофагитис: Вид на бели крвни клетки (еозинофил) се таложат во обвивката на хранопроводот поради реакција на храна, алергени или киселински рефлукс, а нивното таложење ја оштетува обвивката на хранопроводот и предизвикува тешкотии при голтање
  • Третман со радиотерапија: Може да предизвика ткиво со лузни, што го стеснува преминот во грлото и хранопроводот
  • Гастро-езофагеален рефлуксен третман (ГОРД): Киселината во желудникот може да предизвика развој на лузни и стеснување на хранопроводот
  • Инфекции: Како што се туберкулоза или дрозд – може да доведат до воспаление на хранопроводот (езофагитис).

Мускулни состојби

  • Склеродерма: Кога имунолошкиот систем (природниот одбранбен систем на организмот) напаѓа здраво ткиво, што доведува до зацврстување на мускулите на грлото и хранопроводот.
  • Ахалазија: Кога што мускулите во хранопроводот ја губат способноста да се релаксираат и отворат за да дозволи премин на храна или течност да влезат во стомакот.

Како да го третирате проблемот со голтање во домашни услови

Домашен лек за проблем со голтање

Консумирајте помали оброци почесто наместо 3 големи оборци во текот на денот. Во зависност од сериозноста на дисфагијата, можеби ќе биде неопходно да практикувате течна диета. Избегнувајте леплива храна како што е џемот или путерот и што и да јадете, внесувајте ја храната во сосема мали парчиња.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за проблем со голтање

Aко покрај голтањето имате и проблеми со дишењето или чувствувате дека можеби нешто е заглавено во вашето грло, ако чувствувате мускулна изнемоштеност и ненадејна парализа, веднаш посетете лекар. Општо, ако имате проблеми со голтање, најдобро е да посетите лекар, со цел истиот да ја утврди конкретната причина зад проблемот и да ви даде соодветен третман.