Болка во грлото е најчестиот симптом со кој многумина се соочуваат особено во периодот на студените есенски и зимски денови. Иако болката може да биде минимална и да исчезне сама, сепак постојат и причини за нејзината појава кои не треба да се занемарат.

Најчести причини за болка во грлото и нивни симптоми

  • Настинка, грип и други вирусни инфекции: Во 90% од случаите вирусите се главните виновници за болката во грлото. Во зависност од конкретната состојба, симптомите може да варираат од инфекција на грлото, температура, чешање или отекување на грлото.
  • Стрептококно воспаление на грлотo: Воспаление кое го предизвикува бактеријата стрептокок. Се манифестира со болка во грлото, главоболка, болка во стомакот, повраќање и црвенило по телото или устата и грлото.
  • Алергии: Настануваат кога имунолошкиот систем на телото реагира на предизвикувачки на алергии како полен, трева или на животни. Се манифестираат со назална конгестија, водени очи, кивање и иритација на грлото.
  • Сув воздух: Сувиот воздух може да ја истисне влажноста од устата и грлото. Се манифестира со суво и иритирано грло пропратено со чувство на чешање.
  • Чад и други хемикалии: Цигарите, чадот и загадувањето од околината, производи за чистење и други хемикалии исто така може да го надразнат грлото.
  • Повреда: Секоја повреда, како удар или посекотина на вратот може да ја предизвика болката во грлото. Исто така кога парче храна се затнува во грлото, може да искусите непријатно чувство и болка.
  • Гастроезофалгеалната рефлуксна болест: Состојба при која киселините од желудникот се враќаат назад во грлото. Се манифестира со непријатно чувство на печење во грлото.
  • Рак на грлото: Се манфестира со зарипнатост на гласот, воспаление на вратот, постојана кашлица, лошо дишење, чувство на туѓо тело во вратот, гребење на грлото и болка во увото.

Како да третирате болка во грлото во домашни услови

Домашен лек за болка во грлото

Со цел да ја ублажите болката во грлото пијте повеќе топли течности, како топол чај со мед, зеленчукова супа или топла вода со лимон. Чајот од нане се смета за особено ефикасен. Исто така користете навлажнувач на воздухот во вашиот дом, одмарајте го гласот додека да почувствувате олеснување на болката во грлото и направете гаргара со раствор од топла вода и половина лажица сол.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка во грлото

Доколку искусите проблеми со голтањето, сериозна остра болка, отежнато дишење или болка при дишењето, потешкотии со отворање на устата, висока температура, болки во вратот и негова вкочанетост, крв во плунката и болка која трае повеќе од една недела, веднаш посетете лекар.

Во кратки црти

болка во грлото

Болката во грлото не е необична појава и е особено честа во периодот на студените есенски и зимски денови, кога луѓето се најмногу склони да настинат. Повеќето болки во грлото најчесто исчезнуваат сами по себе, по само неколку дена. Сепак бактериските инфекции треба да се третираат со антибиотици, додека пак треба веднаш да се обратите на лекар доколку се соочите со посериозни симптоми како крв во плунката, отежнато дишење и остра болка која трае повеќе од една недела.