Ниту една жена не би намерно носела облека, во кои би изгледала постаро или пак кои визуелно би ја зголемиле нејзината фигура.

Но, за жал, често ненамерните грешки за кои не сме ниту свесни, се оние кои го уништуваат нашиот изглед, а денес ви откриваме кои се тие.

10-те најчести грешки кои нè прават да изгледаме за 5-10 години постаро:

1. Додека некои материјали нè прават да изгледаме младешки и енергично, постојат материјали кои го прават токму спротивното и во кои изгледаме значително посериозно. Доколку сакате да постигнете елегантен изглед, најдобро е да изберете материјал со линии или отмен костим.

2. Ниту една дама не изгледа помлада со очилата за Сонце спуштени до самиот нос. Подобро е очилата да ги поставите на вашата глава, а воедно секогаш обратете внимание на нивниот дизајн и боја.

3. Иако денес стана тренд да се носи сива коса, сепак експертите препорачуваат доколку вашата коса не е природно сива, тогаш не подобро изберете некои од есенските трендови за боја на коса, бидејќи сивиот тон ќе ве направи да изгледате постаро.

4. Широките плетени пуловери може да бидат идеалното парче облека, кое ќе ги покрие сите несовршености, но истовремено може целосно да ја покрие вашата фигура и да ве направи да изгледате како маж. Најдобра опција е да додете на вашиот изглед некој интересен моден аксесоар како модерен ремен.

5. Обувките треба да бидат удобни за секојдневието, но понекогаш изберете поелегантни и повисоки чевли, кои покрај тоа што ќе ве подмладат и ќе ве направат да изгледате визуелно послабо.

6. Кога станува збор за здолништат, исклучиво само избирајте ги оние кои најдобро одговараат на вашата фигура.

7. Премногу или премалку шминка исто така може да ве направи да изгледате постаро. Карминот и руменилото во впечатлива боја може да имаат подеднакво лош ефект, исто како да сте излегле без шминка.