Техниката на дишење 4-7-8 бара oд субјектот да се фокусира на земање и испуштање на здивот кој треба да е долг и длабок. Ритмичкото дишење е основен дел од многуте практики на медитација и јога, бидејќи потикнува релаксација.

За 4-7-8 техниката на дишење, се верува дека може да помогне со следново:

  • намалување на вознемиреноста
  • помагање на субјектот да заспие
  • самоконтрола со храна
  • контролирање или намалување на лутина

Пред да започнете со методот на дишење, усвојте удобна положба за седење и поставете го врвот на јазикот на ткивото веднаш зад горните предни заби.

За да ја користите техниката 4-7-8, фокусирајте се на следната шема на дишење:

  1. испразнете ги белите дробови од воздухот
  2. вдишете тивко преку носот 4 секунди
  3. задржете го здивот за броење од 7 секунди
  4. издишете насилно преку устата, испуштајќи „шшш“ звук, 8 секунди
  5. повторете го циклусот до 4 пати.

Вкупниот број на секунди што трае дишењето е помалку важен од одржувањето на односот. Лице кое не може да го задржи здивот доволно долго, наместо тоа може да проба пократок модел, како што е:

  1. дишете преку нос 2 секунди
  2. задржете го здивот за броење од 3,5 секунди
  3. издишете преку устата 4 секунди

Погледнете го ова видео од д-р. Андреј Веил како го објаснува методот.