Рускиот лекар д-р Гајдурков е еден од најистакнатите специјалисти во областа на здравата исхрана. Неговите рецепти и режими се вистински хит меѓу обожавателите на здравиот начин на живот.

За таа цел, денес ви откриваме еден од неговите совети како да го одржите вашето здравје и имунитет во текот на зимата.

Како што сите веќе знаеме, имунолошкиот систем е основниот дел од анатомијата и физиологијата на човечкиот организам.

Домашен третман за зајакнат имунитет

Според мислењето на истакнатиот нутриционист, наједноставниот и најефикасниот метод за зголемување на заштитата на нашиот имунитет е поминување на прочистувачки период без животинска храна.

Тоа може да биде временски период од 10-14 дена во текот на кој потребно е луѓето да консумираат свежо овошје, зеленчуци, свежо исцедени сокови и јаткасти плодови. По 7 дена од домашниот третман, кон дневното мени можеме да додадеме и зрнеста и бобова храна.

Неопходно е ваквиот третман да го практикуваме секоја сезона, а подоцна во регуларната исхрана да обратиме внимание повеќе на консумирање витамини и доста протеини, особено жолчка.

Ограничен на минимум треба да биде внесот на млечни производи, кои го прават имунитетот повеќе ранлив на инфекции.

Специјалистот нè потсетува да не го заборавиме и консумирањето на природните антибиотици како лукот, кромидот, босилокот, ѓумбирот, куркумата и сл.