Не секој редовно ја чисти машината за перење, бидејќи смета дека секојдневното прочистување со вода и прашок за алишта е доволно, но тоа всушност е далеку од вистината.

Всушност, по секое перење, остануваат масни наслаги, кои се наталожуваат во различни делови од машината. Токму поради овој факт, потребно е редовно да го чистите уредот, при што воедно така ќе бидете сигурни дека вашата облека нема да биде изложена на бактерии и микроби.

За таа цел, овој метод ќе ви овозможи да ја исчистите машината на најефикасниот и квалитетен начин, без притоа да вложувате многу труд и време.

Потребни состојки

  • 780 мл оцет
  • 45 гр сода бикарбона
  • 60 мл вода
  • Сунѓер

Начин на подготовка

Во мал сад измешајте ја сода бикарбоната со водата. Тоа е еден вид на домашен препрарат со кој темелно ќе ја исчистите вашата машина за перење. Поставете ја добиената смеса онаму каде што вообичаено го додавате прашокот за перење. Исипете малку оцет во внатрешноста на машината.

Потоа неопходно е да ја вклучите машината, при што водата треба да е по можност најтопла.

Останатата работа од домашниот метод ќе ја заврши самиот уред. По миењето, потребно е да ја избришете внатрешноста на машината со сунѓер, за да го отстраните вишокот на маснотија. Ете токму сега вашата машина за алишта ќе биде целосно исчистена!