Човечкиот организам и ум се многу уникатни бидејќи пронаоѓаат излез и од невозможните ситуации. Развивањето на 2.500 личности во својот карактер бил излезот од ужасната траума кај оваа жена.

Џени Хајнес била силувана од сопствениот татко во периодот од нејзините 4 до 14 години. Жртвата, која сега има 49 години, развила „војска“ од личности за да успее да се справи со ужасната траума од детството.

При судењето на Ричард Хајнес, што беше одржано во Февруари, оваа година, беше дозволено сведочењето на ќерката, користејќи неколку од нејзините развиени личности, а секоја личност доаѓа со различен глас, различни спомени и особини.

При официјалната истрага, Џени лично ја одвела полицијата и посочила на точните места каде што било вршено злосторството.

„Ова е можеби најстрашната соба во целиот универзум“- кратко изјави Џени, посочувајќи кон спалната соба во семејниот дом.

За да се справи со траумата, девојчето, што сега веќе е возрасна жена, својот карактер го поделила на 2.500 личности. Дел од нејзиниот карактер се измислените 4-годишното девојче по име Симфони и тинејџерот Рики.

Снимките биле направени од страна на полицијата, пред самото судење, на кое пак, жртвата цврсто изјави дека нејзиниот татко е суров садист од кого не можела да избега. Бидејќи обвиненијата се толку тешки и болни, присуството на јавноста не е целосно дозволено, за да се спречи поголемо трауматично влијание.

За овој Петок, е закажано крајното судење при кое ќе му биде изречена казната на Ричард.