43-годишниот Мет Кејн е поранешен телевизиски могул од Британија, кој 30 години од својот живот ги поминал со тогаш, сè уште недијагностицирана срцева состојба.

Сега Мет открива како клопчето во неговата здравствена приказна се одмотало…

„Кога и да им објаснував на луѓето дека имам вграден пејсмејкер, реакциите често беа исти, дека сум премногу млад за такво нешто. Дури ни медицинските професионалци немаа слушнато за мојата состојба. Последната медицинска сестра дури ме запраша да го спелувам, за да може да го пронајде на Интернет. Недостатокот од лекарска стручност за мене значеше физичко и психичко страдање со децении“- вели Мет.

Сè започнало кога Мет имал 7 години и започнал да страда од невообичаени напади. Без никакви претходно предупредувачки знаци, неговото срце започнало брзо да чука, а бојата исчезнала од неговото лице. Се чувствувал лошо и кога легнал, тој веќе бил премногу изморен.

Дури неговите чести прошетки надвор или обичното одење на фризер, кино, рандеву, па дури и интервју за работа, било проследено со такви чести напади.

„Понекогаш имав 1 или 2 напади во текот на целата година, но понекогаш се соочував со повеќе во само 1 ден “- додава Мет.

Од пречестите појави, тој научил како да го препознава нивното доаѓање, односно го запознал своето тело и како тоа реагира во стресни и слични ситуаци. Повеќето луѓе го убедувале дека тоа е сосема нормална појава, при стрес или пак, високи температури, но тие не биле свесни дека нападите биле секојдневние на Мет.

„По посетување бројни лекари и проверки на крвта и крвниот притисок, на крај сето се сведе да ме убедат дека тоа се случува бидејќи сум премногу анксиозен и паничам беспотребно.“- објаснува телевизискиот могул.

Мет започнал да ги пие препишаните лекови за анксиозноста, но тие воопшто не функционирале. „На крај отидов во нешто што го нарекувам „Салон на последна шанса“ т.е отидов во Автономната Единица во Националната болница за неврологија во Лондон. Лекарот веднаш ме прими и започнаа испитувањата. Иако беа доста измачувачки, резултатите конечно пристигнаа“-вели Мет.

По овој детален и краен преглед, по неговата последна шанса, како што вели тој, конечно било откриено за што се работи. На Мет му била дијагностицирана нешто што се нарекува „автономно посредувана синокопа со асистолија“, проблем кај автономниот нервен систем при кој органите меѓусебно комуницираат.

Затоа пораките од нервниот систем што пристигнувале до срцето било истото да се исклучи при стресни ситуации, промени во крвниот притисок или при високи температури. Срцето автоматски се исклучува 15 до 20 секунди, а потоа повторно се активира. За разлика од фаталните срцеви удари, нападите со кои се соочувал Мет не биле штетни.

По прегледот му бил вграден и пејсмејкер, иако има само 37 години.