Овој рецепт, кој можеби на прв поглед не ви изгледа како ништо посебно, со себе носи моќен ефект. Ќе ви одземе малку повеќе време за неговото приготвување, но резултатот вреди!

Станува збор за домашен лек од ‘ртени ореви, благодарение на кој во временска рамка од 14 дена ќе успеете да го исчистите вашиот организам од наталожените токсини и да го забавите процесот на стареење. Воедно, лекот се препорачува за обновување и зајакнување на нервниот и имунолошки систем.

Како да ги приготвите ‘ртените ореви

Земете 1 килограм сурови ореви, поставете ги во тегла и полејте ги со студена вода. Неопходно е водата целосно да ги покрива оревите. Поставете ја теглата на первазот на прозорецот и оставете ја отстои 14 дена.

Потребно е водата да ја променувате во текот на денот, а наутро и навечер да ги промешувате оревите.

По 2 недели, оревите ќе бидат готови за употреба. Складирајте ги во ладилникот, со истата вода, во која сето време биле потопени.

Начин на употреба

За да го постигнете терапевтскиот ефект на лекот, доволно е да консумирате до 3 ореви, 2-3 пати дневно, на гладно.

Лекот е погоден за сите, без разлика на возраста. Но, неопходно е луѓето кои страдаат од проблеми со панкреасот да бидат особено внимателни со неговата употреба.