Според стандардите на Менса, генијалци се оние луѓе кои имаат подобри резултати на стандардизирани тестови од 98% од популацијата. Сепак, постојат повеќе видови на интелигенција.

Некои луѓе се генијалци кога станува збор за физичка интелигенција, некои кога станува збор за духовна, а некои луѓе се генијалци во математика или, на пример, во визуелните работи.

За било каква интелигенција  да станува збор, во овие 3 хороскопски знаци најчесто се раѓаат луѓе кои значително се истакнуваат над просекот:

1. Водолија

Водолиите важат за одлични интелектуалци. Тие знаат да го пронајдат вистинскиот начин да се извлечат од ситуацијата, односно гледајќи сè објективно, секогаш успеваат да го пронајдат вистинското решение. Тие се избалансирани, иновативни и најчесто размислуваат со ладна глава. Имаат отворен ум и ги почитуваат идеите на останатите.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Девица

Девиците се заинтересирани за многу работи, дури и за оние работи што другите луѓе ги земаат здраво за готово. Тие сакаат да решаваат мистерии што другите сметаат дека се нерешливи и поправаат скршени работи. Размислуваат постојано и се многу креативни. Не се плашат да поставуваат прашања, но исто така не сакаат да се фалат со своите способности.

3. Јарец

Јарците се многу темелни, прецизни и имаат структуриран начин на размислување, благодарение на кој секогаш донесуваат паметни одлуки. Избегнуваат донесување на импулсивни одлуки и имаат кристално јасни цели, па затоа секогаш сакаат да ги земат предвид сите опции пред да донесат одлука. Јарците се многу интелигентни и ги користат своите способности за добри цели. Учат целиот свој живот и се обидуваат да извлечат поука од своите грешки.