Психолозите често ја нагласуваат важната улога на прифаќање на слабостите на партнерот во остварувањето здрава љубовна врска. Никој не е совршен и сите имаме свои маани. Сè додека овие недостатоци не ни се закануваат и не се извор на големо незадоволство или несигурност, ние едноставно треба да ги прифатиме.

1. Преиспитајте ја сериозноста на мааните на партнерот

Честопати нè нервираат некои аспекти на личноста на нашиот партнер кои не се баш премногу важни. Нашата фрустрација тогаш расте, но мора да се прашуваме дали е оправдана во однос на тоа колку навистина се значајни недостатоците на партнерот. Ако вашиот партнер е емоционално сигурен и ги има сите други фундаментални квалитети што ви се многу поважни, тогаш едноставно игнорирајте ги споменатите ситници.

2. Прифатете ги своите маани

Првиот чекор во прифаќањето на недостатоците на вашиот партнер е да сфатите дека и ние ги имаме. И можеме да го изнервираме нашиот партнер со некои наши навики или карактеристики. Во моментот кога ќе се фокусираме на неговите недостатоци, забораваме дека и ние не сме совршени. Ние секогаш ја гледаме ситуацијата од наша перспектива, но понекогаш е добро да ја гледаме и од страната на нашиот партнер, за да можете полесно да го разбереме неговото однесување.

3. Размислете зошто одредени маани на партнерот ви пречат

Тие може да ве потсетат на минатите лоши љубовни искуства и да ги активираат старите чувства во вас. Во тој момент вие всушност не реагирате на однесувањето или личноста на вашиот партнер, туку на меморијата и на претходните настани, односно луѓето во вашиот живот.

4. Не го присилувајте партнерот да прави неважна промена

Нормално е да очекувате од вашиот партнер да промени некоја форма на лошо однесување што негативно влијае на вас, него или вашата врска. Ова се големи, важни и значајни промени што можат да ја подобрат љубовната врска. Сепак, не можеме да очекуваме човек да промени сè само заради нас, а особено да менува некои ситници што воопшто не не загрозуваат, туку само повремено ни одат на нерви. Не заборавајте дека некои навики или однесувања се резултат на вредностите на вашиот партнер кои можат да бидат различни од вашите. Во тој случај, треба да размислите дали сакате да бидете со личност која не ги споделува вашите вредности или не ви пречи да бидете различни за тоа.