За покојната принцеза Дијана секојдневно се појавуваат нови и различни информации во јавноста, а една од најинтригантни е нејзиното пророштво за принцот Чарлс, кое веќе се остварува.

Пророштвото, кое Лејди Ди го предвидела, неодамна во јавноста е споделено од страна на Џоен Хангер, која ги толкувала соништата на принцезата.

„Таа секогаш велеше дека не може себеси да се види како кралица на Велика Британија. Но, сè уште го паметам ужасот во нејзините очи кога ми раскажа каков комшар сонувала. Дијана ми кажа дека го видела Чарлс обезглавен.“ – објаснува Џоен.

На сите им е јасно дека по смртта на кралицата Елизабета Втора, нејзиното место треба да го преземе најстариот син т.е принцот Чарлс и да стане крал на Велика Британија.

Но, неговата поранешна сопруга, принцезата Дијана била сигурна дека тоа никогаш нема да се случи.

„Таа ми раскажа дека го сонувала обезглавен. Овој сон може да биде протолкуван на многу начини. Но, со оглед на ситуацијата во кралското семејство, ова означува само едно – Чарлс никогаш нема да има круна на главата.“ – тврди Џоен.

Фактот дека принцот Чарлс никогаш нема да седне на тронот на кралството полека се потврдува и од самите последни настани кое се случија во рамките на британското кралско семејство.

Неодамна на принцот му беше дијагностициран коронавирус, поради што беше принуден на самозолација и да се откаже од неговите кралски обврски и должности. Истото го направи и самата кралица Елизабета. Но, таа не го избра нејзиниот син да ја замени и да застане на чело на тронот, туку нејзиниот најстар внук, принцот Вилијам.

Токму на оваа тема, Џоен долго разговарала и со принцезата Дијана, која имала и друг кошмар, а тоа е дека нејзините синови ќе бидат изложени под голем притисок и дека еден од нив ќе седне на тронот на Велика Британија.

„Ова можеби и најмногу ја измачуваше, бидејќи не беше сигурна дали нејзините синови ќе успеат да се изборат со притисокот и како тоа ќе се одрази врз нив.“ – додава Џоен.