Овој домашен лек од шеќер, банани и млеко е исклучително ефикасен при кашлица кај деца, како и кај возрасни, при што веднаш и брзо го решава проблемот со грлото.

Вкусен домашен лек против кашлица

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица прегорен шеќер
  • 200 мл млеко
  • 2 банани

Начин на подготовка

Затоплете обичен шеќер над оганот, а кога кристалите ќе се стопат и масата ќе се згусне, исипете го шеќерот во тенџере. Следно, полејте го шеќерот со топло млеко.

Потоа, излупете ги бананите и со вилушка изгмечете ги, а добиеното пире од истите додадете го кон топлото засладено млеко. Варете ја смесата, додека внимателно ги мешате состојките.

Отстранете го млекото од оганот, малку изладете го и испијте го лекот. Бананите ќе помогат при воспалението, млекото ќе ја засили секрецијата на слуз, а прегорениот шеќер делува како експекторанс.