Дебелото црево е еден од најважните органи во човечкиот организам. Долг е околу метар и половина, а во неговата внатрешност можат да бида наталожени меѓу 2 и 15 килограми отрови и остатоци од дигестијата.

Денес решивме да ви претставиме 3 ефикасни и безопасни методи како лесно да ги отстраните сите токсини и отрови од вашето дебело црево, брзо и без многу труд.

1. Додадете витамин Ц во вашето дневно мени

Витаминот Ц кој се наоѓа во многу овошја и зеленчуци ефикасно помага во прочистувањето на дебелото црево. Пијте сокови од зелка, брокули, јагоди и лимон за да го зајакнете здравјето на вашето дебело црево.

2. Консумирајте пробиотици

Истражувањата покажуваат дека пробиотиците можат да помогнат за евентуално спречување, па дури и лекување на рак на дебелото црево. Овие добри бактерии го запираат воспалението и ја подобруваат конзистенцијата на фекалиите- двете клучни работи кои се поврзани со варењето на храната и здравјето на дебелото црево. Високо ниво на пробиотици има во видовите на храна како кисело млеко, јаболков оцет, комбуха, некои видови на сирење и слично.

3. Пијте повеќе вода, за да ја регулирате дигестијата

Недостатокот од течности во организамот е најчестата појава за опстипација. Токму затоа, пиењето 1,5 до 2 литри вода дневно може да го спречи ова. Друг начин да ја надополните потребата за течности е преку консумирање доволно овошје и зеленчуци, како и консумирање на солена вода и билни чаеви.