Грижете се за косата секоја вечер

Ако ви се мрси косата брзо, користете шампон за сува коса. Ставете бебешка пудра околу корените, пудрата ќе држи до утрото, а вас ќе ви треба значително помалку време да се подготвите.

Далеку од мезето

Дури и пуканките не се добри, ако ги јадете со многу сол. Ако навистина треба да каснете нешто пред спиење тогаш се препорачува парчиња цитруси со рендан ѓумбир за да имате рамен стомак наутро.

Пијте чај од анасон

Семе од анасон е добро во борбата против гасови и надуеност. Вкусот не на секој ќе му се допадне, но во комбинација со сок од лимон е доста пријатен.

Ставете крема со кофеин на очите

Нанесете крема за очи кој содржи кофеин пред да заспиете. Кофеинот ги стеснува крвните патишта и подочниците ќе ви изгледаат светли и помалку потечени.

Ставете гел на косата

Ако ја миете косата пред да си легнете, нанесете гел на прамените, додека косата сѐ уште ви е мокра. Прво ќе бидат цврсти, но наутро ќе изгледаат совршено.

Кажете им збогум на алкохолот, газираните и слатките пијалаци

Освен што дехидрира, алкохолот предизвикува проширување на крвните патишта, што прави да изгледате подуени. Ако пиете алкохол во комбинација со газирани пијалаци, слободно можете да му кажете збогум на рамниот стомак. Затоа, наместо алкохол пијте вода!