Денес се враќаме 3500 години за откривање на стар лек од Библијата, кој се смета за моќна и древна медицина.

Станува збор за лек од „Дрвото на животот“ т.е маслинките. Тие се одгледуваат уште од самото постоење на човекот, а се користат и за храна и за медицински потреби.

Се смета дека маслиновите листови ги имаат најголемите лековити својства, односно ефикасно може да лекуваат разни болести, а  нивната лековита моќ се должи на специфичното соединение олеуропеин, кое влегува во нивниот состав.

Истото често се користи како дел од третманот на состојби како разни габични и бактериски инфекции, односно олеуропеинот има неверојатни антипаразитски, антибактериски и антигабични својства.

Прастариот лек е всушност чај.

Чајот од лист од маслиново дрво ефикасно се бори против заболувања како што се пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, херпес, хептатит Б и други.

А покрај тоа што успешно се бори против бројните болести, чајот приготвен од маслиновите листови ќе го заштити, обнови и зајакне имунолошкиот систем и ќе му даде дополнителна енергија на телото.

Еве како истиот да го приготвите

Чај од листови од маслиново дрво

Потребни состојки

  • 15-20 сушени маслинови лисја
  • 1 кафена шолја топла вода

Начин на подготовка

Поставете ги листовите во сад со топла вода и варете ги 10 минути. Потоа извадете ги листовите и оставете го чајот да отстои 15 минути на некое ладно место. По желба, може да додадете мед или лимон.

Овој чудесен чај е извонреден за обновување и заштита на целото ваше здравје и тело, а се препорачува да се консумира неколку пати во текот на неделата, за да ги почувствувате си моќни придобивки од истиот.