„Ако пред неколку недели некој ми кажеше дека јадење со компири може да ме изненади и буквално да ме хипнотизира, сигурно немаше да поверувам!

Овој зеленчук достапен во сечија кујна, може да се приготви на било кој начин: Пржен, печен, варен, во палачинки, со месо, зеленчук, како супа, пире, полнети и омилен додаток во зимските салати.

Но и вие сигурно никогаш ги немате пробано на овој начин. Резултатот ми беше доказ дека компирите може многу да нè изненадат.

Компирите на португалски начин со рузмарин и масло за јадење се толку вкусни, што една порција нема да ви биде доволна. Во рестораните во Португалија, овој специјалитет се сервира со месо или риба, но и со поезготични видови како што е октопод.

Но, да бидам искрена, да ги јадете само нив, без други додатоци, е најслаткиот начин!“

Компири на португалски начин

Потребни состојки

  • 8 компири
  • Масло за готвење
  • Путер (Во количина доволна за да нанесете малку врз секој од компирите)
  • Рузмарин и сол (Во количина по ваша желба)
  • Лук

Начин на подготовка

Добро измијте ги компирите, сварете ги, а потоа оставете ги да отстојат т.е почекајте истите да се изладат.

Потоа, потребно е секој компир поединечно да биде одозгора притиснат со лажица. Компирите треба да изгледаат како на фотографијата подолу, без истите да се распаднат.

Изберете сад во кој ќе ги печете и во истиот налејте од маслото за готвење. Потоа исчете ги чешнињата лук и поедеднакво распоредете ги на целото дно на садот.

Следно, поставете ги и компирите во садот. Тие треба да бидат едни до други, а одозгора нанесете рузмарин и морска сол.

Исечете го путерот на коцки и врз секој од компирите поставете по 1-2 коцки од путерот. По желба, повторно може да додадете на крај од маслото за готвење.

Загрејте ја рерната на температура од 180-200°C. Печете додека компирите не ја добијат потребната златна боја на кората.

Според оригиналниот рецепт, најдобро е да се користат млади компири. Истовремено, доколку сакате да го зачините уште повеќе специјалитет, се препорачува додавање и на печурки.

Пријатен апетит!