Менопаузата е период кога состојбата во телото кај жените постепено се менува, а ние само треба да слушаме што ни кажува нашето тело и да се погрижиме да го зачуваме здравјето на телото.

За време на менопаузата, жените се соочуваат со разни непријатни симптоми како што се топлотни удари, ненадејни промени во расположението, зголемен ризик од дебелина поради хормонски дисбаланс, тешко ослободување на токсини од организамот, надуеност и недостаток на сон.

Затоа е клучно кога влегуваме во менопауза, внимателно да го разгледаме нашиот начин и план на исхрана и да усвоиме здрави навики. Постојар разни начини како да го прочистите организамот и да ги ублажите симптомите, а како еден од најдобрите се смета следниот природен рецепт за домашен зелен напиток.

Домашен напиток за дамите во менопауза

Потребни состојки

  • 1 чаша вода
  • грст спанаќ или кељ
  • 2 лажици исцеден грејпфрут
  • 1/2 чаша исцеден сок од лимон
  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица семе од чиа или лен

Начин на подготовка и употреба

Додадете ги сите состојки во блендер и добро изматете ги, додека не се соединат. Ако не го испиете целиот пијалок одеднаш, можете да го чувате во фрижидер еден ден.