Ким Кардашијан, Ана Винтур и Опра Винфри имаат една заедничка работа: Сите одат на спиење околу 22 часот. Се чини дека оваа навика е од голема важност за овие славни дами бидејќи спиењето толку рано може да има многу позитивни ефекти врз нашето тело и ум.

Затоа можеби не е изненадување што некои од најуспешните жени денес го завршуваат денот толку рано, за да се подготват за следниот! Во продолжение ви откриваме кои се извонредните придобивки од заспивањето во 22 часот:

Извлекуваме максимум од сонот

Нашиот сон е поделен на 90-минутни циклуси на тежок и лесен сон, од длабоко вавби движење на очите (не-РЕМ) до брзо движење на очите (РЕМ). Најдлабокиот и најмирниот дел од нашиот сон е помеѓу 22 часот и 2 часот по полноќ. Ова значи дека за да бидете целосно одморени, треба да започнете да спиете рано во циклусот.

Исто така, едно истражување вели дека заспивањето порано и спиењето подолго ни помага да престанеме со негативните и загрижувачки мисли што можат да нè одржат будни ноќе, а тоа е уште една одлична причина да отидеме на спиење во 22 часот!

Нашето тело се враќа во форма

Кога сме во длабок циклус на спиење, нашето тело само се лечи со производство на хормони за раст и регенерација. Оваа клучна активност ќе ни овозможи да сме во најдобра форма за следниот ден, особено ако сте тип на луѓе кои се занимаваат со спорт.

Нивото на стрес опаѓа

Недоволното спиење може да ве направи стресни поради екстра-високото ниво на хормонот на стрес, кортизол, во вашето тело. Премногу кортизол може да направи да се чувствуваме вознемирени и може да влијае на нашето здравје. Но, штом еднаш започнете да заспивате порано, можете да фатите подолги периоди на длабок сон што всушност може да го контролираат нивото на кортизол.

Набрзо ќе сфатите дека сте целосно наполнети со енергија во текот на денот откако ќе се намали нивото на стрес, благодарение на квалитетниот одмор на вашиот ум и тело од целосниот сон!

Ризикот од болести и заболувања е помал

Неколку истражувања покажаа дека луѓето кои заспиваат порано се поздрави во споредба со оние кои работат ноќни смени или се ноќни птици. Луѓето кои не успеваат доволно да спијат имаат поголеми шанси да живеат со болести како дијабетес тип 2, срцеви заболувања и хипертензија.

Истражувачите откриле и дека фазата на длабок сон помеѓу 22 часот и 2 часот наутро е навистина важна за нашите имунолошки клетки. Луѓето кои немале длабок сон имале помал одговор на антитела на вирусот, што значи дека може полесно да се разболат.

Можеме подобро да ги контролираме нашите емоции

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат доволно часови на сон, генерално се посреќни во животот. Кога не спиеме доволно квалитетно, нашите емоции можат да бидат нестабилни бидејќи потешко ги контролираме. Исто така, заспивањето порано може да значи и порано будење, што може да биде важно доколку сакаме да фатиме повеќе серотонин за дневна светлина и за расположение.

Можеме подобро да ги разбереме емоциите на луѓето

Едно истражување ни открива дека прескокнувањето на добар сон го отежнува читањето на среќата и тагата. Според истото, се пропуштаат повеќе посуптилни знаци на емоции, што значи дека е скоро невозможно да се земат овие знаци во предвид и да се каже дали некое лице е искрено или не.

Сепак, другите емоции како гневот и стравот се лесни за читање, можеби затоа што тие се нашите најприродни емоции и инстинкти засновани на преживување, неопходни за разбирање на опасноста.