Еве неколку идеи кои ги практикувале нашите баби и мајки во кујната. Сигурно ќе ви бидат корисни.

1. За да ги зачувате свежи максимално време свежите зачини, оставете ги околу 10 минути во сад со ладна вода. Потоа исечете ги на ситно и ставете ги во добро затворен стаклен сад во фрижидер.

2. Салатата од целер и морков е една од најкорисните. За да може организмот да преработи повеќе витамини и минерали, исечете ги колку што можете поситно.

3. За да добиете убаво пире од компири, изгмечете ги компирите додека се топли. Свежото млеко исто така мора да е топло, во спротивно пирето ќе стане сивкаво.

4. За да биде месото посочно, за време на печењето дотурете вода во садот, а не врз месото.

5. При подолго патување сирењето може да го зачувате свежо ако го завиткате во обична хартија, а потоа во пластична кеса и спакувајте го добро, за да не истече саламура.

6. За да го исчистите апаратот за кафе, истурете еднакви количества оцет и вода во резервоарот и вклучете да истекува во бокалот, потоа направете неколку циклуси со чиста вода.

7. За да ги исчистите шишињата наполните ги со топла вода и иставете една лажица ориз. Затворете го со рака отворот и протресете силно нагоре и надолу. Потоа исплакнете го шишето.

8. Нерѓосувачкиот кујнски мијалник ќе заблести само со едно движење. Избришете ги ѕидовите на мијалникот со крпа натопена со газирана вода.

9. За да заблескаат кристално чашите, ставете ги во смеса од 1 дел оцет со 3 делови топла вода. Потоа оставете ги да се исушат – ќе бидат кристално чисти и нема да има дамки, ќе изгледаат како нови.

10. Ако вашите деца не сакаат кајмак во свежото млеко, додека го готвите, ставете му малку сол.

11. За да го зачувате пилето во рерна долго време меко, намачкајте го обилно со масло и потоа намотајте го во фолија.

12. Помфритот ќе впие помалку масти, ако претходно сте го ставиле во млеко.

13. Исчистете ја загорената тава така што во неа ќе загреете оцет и сол.