За оваа фамилија ова требаше да биде само уште едно пријатно попладне поминато во хранење морски лавови и уживање во друштво на животните.

Сепак, застрашувачкото видео покажува како морски лав го граба девојчето и го влече во вода – сето тоа се случува во само едно трепкање на окото!

Видеото е снимено од страна на Мајкл Фујивара од Ванкувер. Тој рече: “Јас бев до оградата кога овој морски лав се појави со главата. Јас само го извадив мојот мобилен телефон и почнав со снимање”.

“Морскиот лав всушност привлекува многу внимание на посетителите таму, вклучително и на младата девојка … Таа и нејзиното семејство, претпоставувам дојдоа и почнаа да го хранат”.

Девојката беше спасена од страна на храбар човек, кој се смета дека и е роднина. Јасно е, и девојката и спасителот се чувствуваат трауматизирани од искуството.

Не е јасно дали морскиот лав направи никаква штета – обично тие се познати како високо интелигентни суштества кои се нежни и срамежливи по природа. Сепак, видеото служи како потсетник или аларм за да бидете повнимателни околу дивите суштества.