Уште од древните времиња, црниот ким е познат по неговите чудесни лековите својства. Непроценливиот медицински квалитет на малите црни зрна го инспирирале и пророкот Мухамед да пишува за овој лек.

Според него, црниот ким е лек за сите болести, освен за смртта. Црните зрна, меѓу другите, се особено корисни во борбата против кашлицата, која знае навистина да биде исцрпувачка. Токму за оваа цел денес ви откриваме народен рецепт за лекување на кашлица со црн ким.

Третманот може да го започнете веднаш уште при првите симптоми. За оваа цел, неопходно е да поставите во вашата уста 1 супена лажица масло од црн ким и да ја држите така 5 минути, а потоа смесата плукнете ја, не ја голтајте. Веќе следното утро ќе забележите дека кашлицата веќе ја нема. Покрај ова, доволно е и едноставно да вдишете масло од црн ким за ефикасно прочистување на белите дробови.