Мора да постои причина зад изреката: „Толку сум среќен, што можам да полетам!“ Честопати среќата ја поврзуваме со издигнување, а слободата што ја нуди небото не може да се опише со зборови.

Па, една птица е жив доказ за тоа! Пред да започне да ја прегледува галеријата на својот фотоапарат, Карен Мунро не беше свесна дека има направено фотографија во совршен тајминг.

Минатата година, додека Карен беше на крстарење околу островот Строма, покрај брегот на Шкотска, таа имаше испланирано да направи неколку фотографии, но сметаше дека поради временските услови, фотографиите нема да бидат добри.

Сепак, Карен беше изненадена кога откри дека сосема случајно ја снимила „најсреќната птица на светот“!

„Кога пристигнав дома, ги прегледував моите фотографии, од кои повеќето не беа ништо посебно бидејќи светлината беше слаба тој ден. Сепак, веднаш се воодушевив кога ја видов сликата од птицата, која изгледа како да се смешка и се забавува.“

Чиста радост фатена на фотографија!