На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“ поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна која ќе ги освои срцата на публиката. Текстот на песната „Одговор“ е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски.

„За мене „Одговор“ е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. „Одговор“ е за изневерената толеранција, доверба, љубов“, вели пејачката за своето прво авторско дело.