По трети пат, овој бренд лансираше колекција за полни девојки, но овој пат разликата е што благодарение на оваа колекција, брендот трајно ги воведува поголемите броеви  во своето производство.

Станува збор за американскиот еко-бренд Реформејшн (анг. Реформација) кој е препознатлив по тоа што секое парче поединечно се труди да го дизајнира така што ќе биде практичено, одржливо и истовремено неверојатно модерно.

Ајде конечно да го направиме тоа! Проширувањето на изборот на различни и поголеми броеви дојде за да остане засекогаш во нашиот бренд!– напишаа гордо од брендот на неговата официјална страна.

Во продолжение следува нивната нова пролеттна колекција која официјално и трајно вклучи големини до XXXL.

Сите парчиња се создадени да бидат практични, а истовремено во нив девојките и жените ќе се чувствуваат прекрасно, дизајнирани токму навреме за пролеттната сезона.