Волшебен италијански остров кој мора да го посетите

Сместен во Неаполскиот Залив, исто како и попознатите острови Капри и Ишија, на овој остров живеат околу 10 илјади жители, а неговата историја датира уште од 15 век п.н.е .

Куќите во разни бои, типични за Медитеранот, воодушевија многу писатели и режисери.

Малиот, но исто така прекрасен остров Процида, неодамна доби големо признание. Тој беше прогласена за италијанска престолнина на културата за 2022 година, со што стана првиот остров со таа титула, откако ова признание беше утврдено во 2014 година.

На доделувањето на наградите, визијата на Процида, чие мото е „културата не изолира“, е да се  пренесе „малата реалност на островот како добра желба за сите нас на земјата во следните месеци“. Во исто време, градоначалникот Раимондо Амбросино верува дека Процида може да биде „метафора за многу места и многу заедници кои повторно откриле ентузијазам и се горди на својата територија“.

Куќи во различни бои, типични за Медитеранот, воодушевија многу писатели и режисери, од римски поети како Вергилиј до современи автори како Елза Моранте. Сигурно добро го познавате филмот „Талентираниот господин Рипли“ со Мет Дејмон и Џeуд Ло, во режија на Ентони Мингела, а снимен во Процида.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *