Џекс Бар, ресторан во Волверхемптон, Англија својот предизвик- мешаната скара која содржи неверојатни 9.000 калории започнала да ја нуди на парови, бидејќи повеќето гости, поединечно не успевеале да ја завршат, освен една личност.

Мешаната скара чини 60 евра, но доколку гостинот успее да ја изеде целата, ресторанот истата нема да ја наплати, односно изедената мешана скара ќе биде бесплатна во тој случај.

Истата содржи 9.000 калории и повеќе од 4 килограми месо, а еве што сè има низ неа: 30 пилешки крилца, 16 парчиња пилешки гради, 16 парчиња стек, 24 парчиња риба и 6 јагнешки кебаби.

Мешаната скара доаѓа заедно со прилог од планина од пржени компирчиња, салата и 2 големи парчиња наан леб, кои наликуваат на тортиљи, а самата чинија е двапати поголема од вообичаената нормална големина.

За сопственикот Џими Деол предизвикот бил непремостлив и самиот тој изјавил:

Ова е најголемата скара во В.Британија! Потребни се само 20 минути истата да се направи, рибите се подготвуваат одделно, како и чипсот и лебот.

И самиот тој во својата изјава истакнал дека ретко гостите се обидуваат воопшто да се нафатат на предизвикот, но ако се обидат, уште поретко завршуваат успешно.

22-годишната Џес Гривсон, од Бирминган е единствената личност на која тоа и успеало.

Бев гладна пред да седнам да јадам. За да успеам во овој предизвик се обидов да не јадам ништо цел ден пред предизвикот.

Предизвикот е ограничен со временска рамка, односно треба во рок од 1 саат да се заврши, а поради ‘успешната’ статистика на оние кои успеале да го совладаат предизвикот, сопственикот Доел сега ја отвара вратата за парови т.е мешаната скара да биде изедена од двајца, па така се надева бројката на успеси ќе порасне.