5 работи кои никогаш не треба да им ги кажувате на Шкотланѓани

Шкотланѓаните со нивната богата историја и култура се инспирација на голем број уметници, но се разбира, поради добро препознатливите карактеристики, околу шкотите се вртат многу стереотипи кои знаат да ги разлутат. Еве неколку работи што никогаш не треба да им ги кажувате.

Што има под килтот?

Денес тартанот е неисцрпна инспирација за модните дизајнери, но и неизбежен дел од уличната мода. Вечното прашање за туристите кои доаѓаат во Шкотска е:што се крие под килот, или дали нешто се носи под него. Шкотите кои имаат смисла за хумор ќе одговорат на нешто како: „Јас носам нешто одоздола само кога треба да качувам скали во трговски центар“. Оние помалку отворените може да се налутат затоа што такво прашање е упад во интимноста.

Убава ви е чантата

Како што килт не е здолниште, така и додаток на килт не е чанта. Споранот, кој е традиционален дел од народната носија и служи како замена за џебовите, никогаш не треба да се нарекува торба или чанта. Жените носат чанти, а мажите споран. Направен е од кожа или крзно, и виси од кожни ремени или ланец околу струкот.

Неси не постои …

Една од темите што не се наоѓа на списокот омилени на Шкотите (можеби затоа што толку пати го имаат слушнато) е онаа на чудовиштето од езерото Лох Нес. Неси започнала да се појавува уште во шестиот век, а наводно владата на чело со Маргарет Тачер сериозно размислувала да ја лови Неси.

Дури се зборуваше и за донесување делфини од САД за да помогнат во ловот. Освен ако не наидете на страствени фанови на мистерии, темата Неси е подобро да се избегнува. Покрај тоа, повеќето Шкотланѓани веруваат (или сакаат да веруваат) дека чудовиштето што ги исполнува касите на продавниците за сувенири навистина постои.

Јас не пијам Ирн-Бру

Ако го одбиете Шкотланѓанецот кој ви нуди Ирн-Бру, како турист овде да не сака да пие ракија, да проба сарма или полнети пиперки. Ирн-Ббру пијалак е позната како „втор национален пијалок во Шкотска“ затоа што најчесто се пие после виски. Традиционално се пие против мамурлак, бидејќи содржи еден куп шеќер, кофеин и арома на портокал, што обезбедува енергетски удар.

Зошто си толку скржав?

Многу Шкотланѓани никогаш не слушнале за изреката што е вообичаена во нашите простори како „скржав како Шкотланѓанец“, а многумина може да бидат навредени ако започнете да им кажувате шеги со стил:

„Што пишува под часовникот во хотелот Единбург?
– Само за гости во хотелот.

 

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *