Сите знаеме дека седењето е штетно, особено кога се практикува често. Но, што навистина се случува со нашето тело, кога истото со часови е во седечка положба?

Оштетување на органите

Пред сè, седењето може да го зголеми ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања. Мускулите согоруваат многу помалку масти и шеќер во текот на долгото седење, што им овозможува на масните киселини полесно да може да го затнат срцето.

Долгото седење директно се поврзува и со високиот крвен притисок и зголемувањето на нивото на холестеролот, како и редица срцеви заболувања.

Седењето може лошо да се одрази и на панкреасот, така што клетките во мрзеливите мускули не одговараат веднаш на инсулинот, при што панкреасот произведува повеќе од потребното, што пак може да доведе до дијабетес и други заболувања.

Промена на мускулите

Кога стоите исправено или се движите, стомачните мускули исто така стојат исправено, но откако ќе седнете, тие не се активираат. Вака мрзеливите стомачни мускули, но и мускулите на грбот може да ја променат природна форма на ‘рбетниот столб.

Проблеми со нозете

Долгото седење ја ослабнува циркулацијата на крвта, што може да доведе до отекување на зглобовите или тромбоза. Седењето исто така може да ги ослабне и коските.

Проблем со мозокот

Движењето на мускулите го снабдува мозокот со свежа крв и кислород, а со тоа ја подобрува функцијата и концентрацијата на мозокот. Седењето подолго време го забавува мозокот.

Проблеми со грбот

Долгото седење може да резултира со болки во грбот.