Не постои човек кој не сака младо и мазно лице, но за повеќето луѓе оваа замисла е неостварлива фантазија. Сепак, без грижи, постои едно навистина ефикасно решение, кое притоа е достапно за сите, а важи за тајно оружје во борбата против стареењето.

Станува збор за обичен аспирин. Едноставно треба да го употребите на еден од следните 3 начини, кој најмногу ви одговара и ќе се уверите сами, по само 3 третмани.

1. Маска со аспирин и лимон

Потребни состојки

  • 3 аспирини
  • 3 супени лажици сок од лимон

Начин на подготовка

Растопете го аспиринот во сокот од лимон и добро измешајте ги состојките, до добивање на паста. Измијте го вашето лице со вода, нанесете ја пастата и оставете ја да дејствува 10 минути. Следно исплаккнете со многу вода.

2. Маска со аспирин, кисело млеко и мед

Потребни состојки

  • 5 аспирини
  • 1 супена лажица кисело млеко
  • Половина супена лажица мед

Начин на подготовка

Истолчете ги таблетите аспирин и измешајте ги со медот и киселото млеко, до добивање на хомогена смеса. За да оваа маска биде ефикасна, најпрво поставете памучена крпа потопена  во топла вода, на вашето лице, за да се отворат порите. Потоа почекајте вашето лице да се исуши, а потоа нанесете ја маската и оставете ја да дејствува 30 минути. Измијте го лицето со топла вода.

3. Пилинг со аспирин

Потребни состојки

  • 3 аспирини
  • 3 супени лажици ладна вода

Начин на подготовка

Растворете го аспиринот во ладна вода и ќе добиете паста. Нанесете на чисто лице и оставете да дејствува 10 минути, а потоа отстранете со ладна вода.