Научниците од Јапонија, при едно ново истражување, ги споделија резултатите што ќе се случи со телото на жените, доколку истите во текот на целата година, консумираат несолен сок од домати.

Резултатите кои беа јавно објавени се дел од експериментот во кој учествувале 300 жени од Јапонија, на различна возраст, а на кои лекарите им препорачале редовно да консумираат несолен доматен сок, во текот на целата година, бидејќи истите страдале од разни срцеви заболувања.

Во текот на целата година, жените биле детално набљудувани од страна на научниците, кои ја следеле нивната здравствена состојба, односно било набљудувано како консумирањето на овој сок влијае врз крвниот притисок и холестеролот.

Се докажало дека консумирањето на несолен доматен сок  ефикасно го подобрува крвниот притисок и холестерот кај жените, а воедно значително го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

„Ова истражување е првото кое ја докажува директната врска меѓу консумацијата на домати со намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, во текот на целата година.“- велат научниците заслужни за овој проект.

Како резултат на истиот, експертите заклучуваат дека доматниот сок ефективно ја подобрува состојбат на крвните садови при женското тело. По една година редовно консумирање, жените кои учествувале во истражувањето имале значително намалено ниво на холестерол, а воедно крвниот притисок им бил стабилизиран.

И покрај фактот дека само жени учествувале во истражувањето, спред научниците, редовното консумирање доматен сок ќе биде подеднакво корисно и за мажите.

Истовремено, може да консумирате подеднакво купечки, како и домашно приготвен доматен сок, по ваша желба.