Д-р Галина Шаталова е прочуена руска лекарка, заслужна за најдобрата дисертација од областа на срцевата хирургија. Според неа, прочистувањето на артериите е основен фактор за здрав и долг живот!

Прочистувањето на артериите е од огромно значење за здравјето на човекот, особено клучен услов за здравиот начин на живот кој треба да го практикува секој возрасен човек над 30 години.

Со текот на времето, артериите ја губат својата еластичност, а во нивната внатрешност се наталожуваат множество плаки, кои може да бидат и опасни по животот.

12 видови храна кои строго треба да ги избегнувате, доколку не сакате да имате затнати артерии

Доколку не се прочистат навреме, затнатите артерии може да доведат до хипертрофија т.е неприродно зголемување на срцевиот мускул, а како резултат на тоа може да се појават бројни срцеви заболувања, вклучувајќи и појава на инфаркт.

Д-р Галина Шаталова, која почина во 2011-та година, остави зад себе редица совети и рецепти за здравје, меѓу кои и рецепт за целосно прочистување на артериите.

Според истакнатата лекарка, за ефикасното и целосно прочистување на артериите, следниот рецепт треба да се практикува еднаш во секоја година, за да го зајакнеме нашето здравје.

Билен лек целосно прочистување на артериите

Потребни состојки

  • 1 шолја семиња од копар
  • 2 супени лажици корен од валеријана- задолжително сомелен
  • 1 супена лажица природен мед
  • 5 литри вода

Начин на подготовка

За приготвување на смесата ќе ви биде потребен и термос, во кој најпрво се додаваат семињата од копарот, потоа сомелениот корен од валеријана и истите на крај се полеваат со 1.5 литри топла вода. Се остава смесата да отстои во период од 24 часа, притоа термосот треба да биде добро затворен.

По изминатиот потребен временски период, смесата се прецедува, во истата се додава и медот и добро се меша.

По направените чекори, се добива околу 2 литри течност, која е потребно да ја складираме во ладилникот и да консумираме по една супена лажица, 2-3 пати во текот на денот, задолжително 20-30 минути пред секој ваш оброк.

Третманот за прочистување на артериите трае сè додека не ја испиете целата течност, а откако ќе биде целосно завршена, за нејзино повторно приготвување и консумирање се чека следната година.