Повеќе од ¾ од испитанциите при едно истражување, изјавија за нив е многу важно да се изгледа привлечно и здраво, но само околу една третина од истите вежбаат редовно.

Сите знаеме дека може да биде навистина примамливо прескокнувањето на тренингот после напорниот ден на работа. Но, за среќа, постои постојат вежби што може да ви помогнат да станете во форма без да мора да го напуштите вашиот дом.

Во продолжение следуваат едноставни вежби кои можат да ви помогнат лесно да го обликувате вашето тело, притоа чувствувајќи се удобно додека ги изведувате истите. Како бонус, на крајот од статијата, ќе најдете тајна вежба која ќе помогне во зајакнувањето и зголемувањето на резултатите од овој домашен тренинг.

1. Стомачни вежби во V-израз

Стомачните вежби во V-израз придонесуваат за зајакнување на вашите основни мускули и придонесуваат за подобра координација и рамнотежа.

  • Легнете на грб. Ставете ги рацете до телото и кренете ги нозете.
  • Издишете и кренете го грбот и нозете од подот, вовлекувајќи ги вашите стомачни мускули.
  • Полека вратете се во првобитната положба, без притоа рамената и нозете да го допрат подот. Следно кренете ги истите повторно.
  • Повторете 15-20 пати.

Без да вложувате премногу напор, само едноставно обидете се да го спуштите телото колку што е можно, но не допирајте го подот.

2. „Магарешки“ клоци

„Магарешките“ клоци се совршената вежба за обликување на нозете и на самите нивни мускули.

  • Потпрете се сите четири екстремитети. Вовлечете ги стомачните и задржете го грбот исправен.
  • Кренете ја свитканата нога, опуштајќи ги нејзините мускули. Вратете се во првобитната положба, но држете го коленото кренато од подот!
  • Повторете 20-25 пати за секоја нога.

Дополнително, може да користите и тегови за да ја направите оваа вежба поголема предизвик.

3. Странично кревање на нозете

Страничното кревање на нозете помага да се зацврсти и обликува надворешниот дел од бутовите, при што истите ќе изгледаат совршено.

  • Легнете на една страна. Вашето тело треба да формира права линија. Користете ги рацете за потпирање.
  • Полека кренета ја горната нога, опуштајќи ги мускулите. Останете во оваа позиција одреден момент.
  • Вратете се во првобитната положба, но притоа без горната нога да ја допре другата нога додека не го завршите кревањето на истата.
  • Направете 12-15 повторувања за секоја нога.

Не се потпирајте на грбот и одржувајте правилно држење на телото за време на оваа вежба.

4. Стоење на рамената

Вежбата за стоење на рамената помага во подобрување на рамнотежата и ги ефикасно ги обликува вашите стомачни и грбни мускули.

  • Легнете на грб со свиткани колена. Поставете ги рацете на долниот дел на грбот за подобро потпирање.
  • Кренете ги нозете нагоре. Кренете ја прво едната нога, а потоа другото за да ја одржите правилната позиција на вратот и рамената и да спречите било какви повреди.
  • Исправете ги колената и одржувајте ја оваа позиција колку што е можно подолго. Грбот може да го потпирате со помош на вашите раце или истите бавно да ги поставите на подот.
  • Врати се во првобитната положба

Стоењето на рамената е одлична вежба за опуштање и ублажување на анксиозноста и вознемиреноста, па затоа најдобро е оваа вежба да ја практиквувате на крај.

Бонус: Опуштете се во оваа положба после ефикасното вежбање

Оваа положба овозможува нежно протегнување на долниот дел од телото и помага во олеснување на заморот, при што смирува после интензивно вежбање.

  • Легнете на грб. Вашиот ‘рбет треба да биде во неутрална положва за време на оваа вежба.
  • Полека приближете ги колената поблиску до градите. Потоа со помош на рацете, задржете го надворешниот дел од стапалата. Потребно е прстите стапалата да се допираат едни со други.
  • Отворете ги колената и поставете ги на подот. Зглобовите на глуждовите треба да ви бидат над колената. Не го оптеретувајте вратот.
  • Држете ја оваа позиција 30-60 секунди. Земете длабок здив.