Овој домашен рецепт е идеален за овој период, во кој владеат вирусите, настинките и грипот, а исклучително корисен е и доколку страдате од сува кашлица.

Домашниот лек дејствува брзо и ефикасно и притоа е соодветен за секоја возраст, вклучувајќи ги и децата.

Домашен рецепт против сува кашлица

Потребни состојки

  • 150 гр шеќер
  • Половина литар пиво

Начин на подготовка

Во длабок сад поставете го шеќерот да се растопи, додека не добие боја на карамела. Следно, отстранете го од оганот и додадете го пивото.

Очекувајте реакција меѓу овие две состојки, па затоа бидете внимателни. Потоа, вратете го садот на оганот и непрекинато мешајте, додека не добиете една соединета смеса.

Густината на смесата треба да биде малку поретка од мед, па затоа се неопходни 15-20 минути готвење.

На крај, отстранете ја од оганот и складирајте во мал сад. Кога ќе се излади, ќе наликува на мед.

Начин на употреба

Возрасните деца може да консумираат по 1 супена лажица неколку пати на ден, а малите деца, по 1 кафена лажица.

Секогаш може да го зголемите количеството за консумирање, соодветно на вашите потреби.