Џејми Оливер без сомнеж е еден од најпопуларните готвачи на светот. Неговите рецепти се лесни за приготвување, воедно исклучително вкусни и атрактивни на изглед, за чие совршенство готвачот постојано ги открива своите тајни.

Еден од најомилените рецепти на Џејми се компири во тава или уште познати како „соте“ компири. Во продолжение прочитајте како може да го приготвивте неговиот специјалитет уште денес.

Волшебните компири на Џејми Оливер

Потребни состојки

  • 4 големи компири
  • 2 чешниња лук
  • 1 кафена лажица мајчина душичка
  • 1 кафена лажица рузмарин
  • 2 супени лажици масло за готвење
  • 20 гр путер
  • Сол по ваш вкус

Начин на подготовка

1. Излушете и исечете ги комприте на покрупни парчиња, притоа поставете ги да се сварат во солена вода, додека да станат половина готови, односно да не бидат преварени, за да не се распаднат. Добра идеја е да ги сварите со нивната кора, а потоа да ги излупите и насечете.

2. Загрејте го маслото и малку од путерот во поширока тава, поставете ги компирите во еден слој и добро распоредете ги, без да ги мешате. За да ги свртите од другата страна при готвењето, лесно кревајте ја тавата, слично како кога правите палачинки.

3. Кога компирите ќе започнат да стануваат златни, додадете го преостанатиот путер, а по неколку секунди, додадете го и лукот, исечен на тенки парчиња. Додадете ги и зачините.

4. Гответе до целосно приготвување на компирите. На крај, истите може да ги комбинирате со сос по ваша желба- млечен или доматен.

Пријатен апетит!