Во традиционалната ориентална медицина постои еден древен ритуал, кој според исцелителите е способен да ги излекува сите болести. Процедурата треба да се практикува секојдневно, а притоа се прави многу лесно.

Исцелителот нанесува ориз на подот, а пациентот треба да направи 2000 чекори, одејќи врз оризот. Треманот се повторува секој ден до целосно заздравување на личноста.

Според законите на источната медицина, стапалата се огледало на телото, односно на нив постојат точки кои се одговорни за правилното функционирање на секој орган.

На пример, со масирање на врвовите на прстите, каде што се наоѓаат точките за максиларните синуси, ќе успеете ефикасно да се ослободите од назалната конгестија.

Масажата на стапалата е неопходна да се прави секојдневно. Истата подмладува, го обновува организамот, го зајакнува нервниот систем, го подобрува хормонскиот баланс и ги зајакнува функциите на организамот, заштитувајќи го истиот од многу болести. Еве како да ја направите чудесната масажа.

Масажа на стапалата во домашни услови, за зајакнат и обновен организам

Земете пар чорапи и во секој од чорапите поставете голем грст ориз. Следно, облечете ги чорапите и започнете да се движите низ вашиот дом. Илјадите зрна ориз непрекинато ќе ги стимулираат и така ќе ги зајакнат и обноват нервните завршетоци.

Оваа акупресурна масажа воедно ќе го подмлади вашето тело и ќе му даде многу повеќе енергија.