Доколку традиционалниот омлет или јајцата на око веќе ви се здодевни, тогаш време е да се израдувате себеси и вашите најблиски со едно ново уникатно кулинарско задоволство.

Јајцата приготвени на овој начин стануваат многу меки со воздушна текстура, како на суфле, а ви предлагаме чудесниот рецепт уште денес да го пробате!

Јајца на уникатен начин

Потребни состојки

  • 3 јајца
  • ¼ кафена лажица сол
  • 50 гр масло

Начин на подготовка

Внимателно одделете ги белките од жолчките.

Додадете прстофат сол кон белките и изматете ги до добивање на пена. Во сад за печење, поставете хартија за печење и истата премачкајте ја со масло.

Разделете и додадете ги изматените белки со лажица и притоа во секој дел направете мала вдлабнатина.

Во секоја од вдлабнатините поставете жолчка. Печете на температура од 180°C, за 10-15 минути.

Пријатен апетит!