Сите знаеме колку е штетна доцната вечера, затоа што во текот на ова време од денот, организамот ја преработува веќе консумираната храна и како резултат на овој доцен оброк, лесно може да добиеме несакани вишок килограми.

Токму за оваа цел, во продолжение ви ги претставуваме 2-те најдобри диетални салати во кои безгрижно може да уживате во доцните часови, бидејќи само една порција од истите содржи помалку од 70 калории!

1. Салата Црвено море

Потребни состојки

  • 250 гр ракчиња
  • 300 гр домати
  • 50 гр црвена пиперка
  • 100 гр нискомаслено сирење
  • 10 гр лук

Начин на подготовка

Исечете ги ракчињата и пиперката, воедно исечете го и доматот на парчиња, отстранете ги семињата и течноста. Ситно изрендајте ги сирењето и лукот, а потоа добро измешајте ги сите состојки заедно и посолете по вкус. По желба, додадете и зелени зачини.

2. Зелена салата со специјален сос

Потребни состојки

  • 6 супени лажици исечена зелка
  • 2 моркови
  • 1 црвен кромид
  • 15 гр копар
  • Половина шолја кисело млеко
  • 2 супени лажици сенф
  • 1 супена лажица вода
  • 2 кафени лажици сок од лимон
  • Сол и мелен црн пипер по вкус

Начин на подготовка

Изгмечете ги зелката и морковите, а морковите изрендајте ги. Изматете го киселото млеко со сенф, вода и сок од лимон во голем сад, а потоа во истиот додадете ги зеленчуците и зачините. Добро измешајте ги сите состојки заедно и додадете сол и мелен црн пипер по вкус.