Мажите растат и созреваат на различни начини. Некои созреваат на осумнаесет години, а некои остануваат со тинејџерски дух до триесеттите години. Сепак психолозите откриваат како да препознаете вистински маж со зрела емотивна интелигенција:

  • Никогаш не го критикува изгледот на неговата девојка или сопруга.
  • Никогаш не навлегува во вашиот личен простор – можете слободно да правите што сакате. Под негово достоинство е да ве контролира.
  • Тој не ги избегнува тешкотиите, туку храбро се соочува со сите проблеми.
  • Не смета дека емоциите се знак на слабост.
  •  Не живее во моментот – нема да дозволи фалење и лошо однесување.
  • Неговите пријатели се многу важни за него, но никогаш не ги става пред неговото семејство.
  • Смета дека љубовта кон родителите е света, но вистинскиот маж не трча кај својата мајка кога има проблем, особено проблем со партнерката.
  • Ја почитува својата девојка/сопруга и не толерира насилство.
  • Го планира секој чекор за иднината.
  • Зрелиот маж знае дека секој човек има свои слабости и недостатоци.