Следниот напитокот за детоксикација, ја има способноста да го прочисти телото и да ги отстрани сите токсични материи кои се наоѓаат во организамот.

Ефикасниот напиток влијае врз забрзување на метаболизамот, балансирање на циркулацијата на крвта, остранување на масните наслаги и успешно се бори против дијабетесот, што можеби е и најголемата придобивка од истиот.

Напитокот се приготвува многу лесно и целиот процес ќе ви одземе само 2 минути.

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица цимет
  • 2 супени лажици свеж сок од лимон
  • 1 супена лажица мед
  • 2 супени лажици јаболков оцет
  • 360 гр вода

Начин на подготовка

Сè што треба да направите е сите горенаведени состојки да ги додадете во блендер и така заедно, добро да ги измешате т.е сомелете до мазна текстура.

Потребно е напитокот да го консумирате наутро, на празен стомак.

За најдобри и најефикасни резултати, не го приготвувајте и складирајте овој напиток однапред, туку потрудете се секое утро да го подготвите со свежи состојки.

Практикувајте ја рутината за негова консумација во период од 3 месеци.

Што го прави овој напиток толку специјален?

Цимет: Една од најстарите користени состојки уште од античко време. Содржи антибактериски својства и својства кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Помага при контролирање на нивото на шеќери во крвта, при дијабетес.

Лимон: Богат со витамини и минерали, го подобрува имунитетот и го штити телото од слободнтие радикали, причинителите за рак. Го намалува лошиот холестерол и високиот крвен притисок.

Мед: Богат со исклучително многу витамини, минерали, хранливи влакна, ензими и полифеноли. Му ја дава потребната енергија на телото и е моќен стимулатор на имунолошкиот систем, благодарение на неговите силни антибактериски и антиоксидантни својства.

Јаболков оцет: Има способност да го нормализира крвното згрутчување, да ја подобри циркулацијата на крвта и да го намали и спречи високиот крвен притисок. Поради неговата способност и за алкализирање, тој може да го регулира и отстрани вишокот на киселини во организамот. Ефикасен во борба против разни инфекции.