Овој начин на исхрана, можеби е невообичаен, но се практикува само 10 дена и носи позитивни резултати. Диетата потекнува од традиционалните Петрови пости, кои започнуваат 2 недели пред христијанскиот празник Петровден, кој се празнува на 12 Јули.

Во минатото кога луѓето се занимавале со земјоделство, во топлите летни денови приготвувале ладна супа, составена единствено од вода, ситно сецкана краставица и лук, додавале и оцет, на тој начин ја конзумирале оваа кисела супа за да се освежат по долгата работа на високи температури.

Со текот на времето, иако многумина сеуште ги почитуваат верските пости, оваа кисела супа добила нов вкус, па настанал популарниот таратур. Вид на салата или ладно предјадење, таратурот по вкус е освежителен и идеален за приготовка на лето.

Ова е распоредот на исхрана во диетата со таратур:

  • Прв ден: се јаде само таратур во текот на целиот ден;
  • Втор ден: освен таратур, се додаваат и два варени компири;
  • Трет ден: само таратур;
  • Четврти ден: 2 мали парчиња пилешко месо месо и таратур;
  • Петти ден: таратур;
  • Шести ден: освен таратур се јаде и овошје;
  • Седми ден: само таратур;
  • Осми ден: две варени јајца и таратур;
  • Деветти ден: таратур;
  • Десетти ден: два варедни компири и таратур;

Препорака: Да се избегнува од страна на лица кои страдаат од стомачни заболувања, бидејќи краставицата иако е нискокалорична состојка богата со вода, потребно е подолг период за организмот да може да ја преработи, па затоа може дополнително да ја отежни работата на желудникот.