Лимон – за утро без главоболка и за мирен сон!
Лимонот е цитрусно овошје, богат извор на витамин Це, витамин Бе, калиум, фосфор и магнезиум. Природниот вкус е кисел, истовремено освежува и благотворно делува врз човековиот организам.
Во домаќинствата се користи како додаток на пијалоци, чаеви и одредени видови јадења. Како идеален антиоксиданс, ви претставуваме 2 начини како да го конзумирате наутро и навечер, со што ќе го подобрите своето здравје, ќе го забрзате метаболизмот и ќе се ослободите од мачните киселини во текот на ноќта и утринските главоболки предизвикани од атмосферскиот притисок.
Наутро:
- сок од половина лимон
- 200 мл. вода
Во чаша со вода се цеди половина лимон и се пие на гладно срце. Освежува, ви дава енергија и хидрира, а со редовна употреба се губат и вишок масти.
Навечер:
- 250мл. вода
- 5 лажици сок од лимон
- 1 лажица мед
Водата се загрева, да биде умерено топла, се додава медот и лимонот. Се пие 2 часа пред спиење.
https://www.nane.mk/limon-za-utro-bez-glavobolka-i-za-miren-son/https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/04/nane-miren-son.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/04/nane-miren-son-400x214.jpgГлаваНервен системЗдравјеЛимонот е цитрусно овошје, богат извор на витамин Це, витамин Бе, калиум, фосфор и магнезиум. Природниот вкус е кисел, истовремено освежува и благотворно делува врз човековиот организам. Во домаќинствата се користи како додаток на пијалоци, чаеви и одредени видови јадења. Како идеален антиоксиданс, ви претставуваме 2 начини како да го...Iva SpirovskaIva Spirovskaiva.uspirovska@hotmail.comContributorНане.мк

Напишете коментар