Луѓето се повеќе стресни од кога било, а истражувањата потврдуваат дека 3 од 4 лица се изјаснуваат дека веќе не можат да се справат со секојдневниот стрес.

Но, многумина не се свесни дека стресот може да предизвика низа непријатни здравствени проблеми. Ова е поткрепено со откритијата на научниците кои минатата година заклучија дека среќните луѓе генерално имаат поздрави срца, но и дека ризикот од срцев удар и мозочни удари се зголемува за повеќе од 50% доколку сте под постојан стрес.

Иако некои од симптомите на стрес може да бидат очигледни, други поврзани со истиот може да ве изненадат, бидејќи се сметаат за „тивки“ симптоми. Еве кои се 8 такви симптоми на кои треба да обратите внимание:

1. Чести промени во телесната тежина

Стресот често го поттикнува организамот на нездрави навики, како што се прејадување или избегнување на јадење.

„Стресот предизвикува ослободување на хормонот кортизол, со што се намалува способноста на вашето тело да процесира шеќер во крвта и го менува начинот на кој ги обработувате мастите, протеините и јаглехидратите, што може да доведе до зголемување на телесната тежина или губење на тежината“, објаснува лекарката Шана Левин.

Доколку забележите дека ова ви се случува, експертите советуваат да консумирате ореви бидејќи се полни со магнезиум што помага да се задржи кортизолот на ниско ниво. Освен оревите, и брокулата е исто така одличен избор бидејќи содржи многу фолна киселина која помага во намалување на стресот.

2. Чести главоболки

Доколку никогаш не сте страдале од главоболка, но одеднаш почнува да ви се појавува често, ова може да биде еден од знаците дека сте стрес. Поточно, стресот ослободува хемикалии кои можат да предизвикаат промени на нервите и крвните садови во мозокот, што резултира во главоболки.

Исто така е вообичаено да се затегнат мускулите кога се под стрес, што може да доведе до мигрена.

Доколку не сакате да пиете лекови против главоболка, обидете се да нанесете масло од мента или лаванда врз зоните каде ја чувствувате главоболката и обратете внимание на доволен внес на течности бидејќи дехидрираноста е една од најчестите причини за оваа непријатна појава.

3. Црвен осип

Доколку вашето тело е под стрес, вашиот имунолошки систем започнува да се бори и вашето тело започнува да ослободува хистамин за борба против здравствената состоја, па затоа не е изненадувачки што  кај многу луѓе тоа се манифестира со црвен осип. Кога вашиот имунолошки систем е ослабен од стресот, вашата кожа може да биде иритирана дури и од работи на кои никогаш не сте биле чувствителни, како што се сапун, студ или топлина, лосион или детергент за алишта.

4. Губење на концентрација и фокус

Превисокото нивот на хормонот за стрес- кортизол може да го отежнат фокусирањето или концентрацијата, предизвикувајќи проблеми со меморијата, како и вознемиреност, па дури и депресија. Доколку тоа се случи, најдобро е да одвоите време и да се обидете да се опуштите. Затворете ги очите и полека вдишувајте и издишувајте, концентрирајќи се само на вашиот процес на дишење.

5. Стомачни киселини и подуеност

26049949 – gastric acid

Стресот може да го наруши вашиот дигестивен тракт на многу начини, предизвикувајќи организмот да произведува повеќе стомачна киселина, што доведува до формирање на металоиди.

„Исто така, може да го забави празнењето на желудникот, што предизвикува гасови и надуеност, но исто така доведува до грчеви и дијареја“, објаснува Дебора Родос, лекарка за интерна медицина.

6. Често сте ладни

„Кога луѓето се под стрес, тие се разболуваат. Тоа се настинки што се јавуваат затоа што имунолошкиот систем не може да го потисне вирусот“- вели д-р Левин, а истражувачите од универзитетот „Карнеги Мелон“ во Питсбург го потврдуваат истото.

7. Борба против мозолчиња и акни

Доколку вашето лице одеднаш е опсипано со мозолчиња, стресот би можел да биде главниот виновник. Кога сте под стрес, не само што е поверојатно дека почесто ќе го допирате лице, туку во тие случаи, вашето тело ослободува повеќе хормони, како што е кортизол, правејќи ја кожата помасна.

8. Вашата коса опаѓа

Губењето на неколку влакна на косата е нормално, но стресот може да го наруши тој циклус. Значително повеќе стрес ги доведува голем број на фоликули на косата во т.н. фаза на одмор, а неколку месеци подоцна тие влакна паѓаат. Покрај тоа, стресот исто така може да предизвика имунолошкиот систем да ги “нападне” фоликулите на косата, што резултира со нејзино забрзано губење.