Денес паметните телефони не се само обично средство за комуникација. Со нивна помош, секојдневно ги посетуваме нашите омилени Интернет страници, гледаме видеа, читаме вести, играме игри.

Затоа многу е непријатно кога батеријата на телефонот се празни пребрзо. Често пати, пребрзото празнење се должи на фактот дека не управуваме со батеријата на правилен начин.

Еве неколку грешки, поради кои батеријата на вашиот телефон се празни многу брзо и како да го решите овој проблем:

1. Ја полните батеријата до 100%

Многумина мислат дека потребно е да почекаат на екранот да се појави дека батеријата е точно 100% наполнета. Според експертите, најдобро е да се одржува енергијата на батеријата меѓу 30% и 80%, по што потребно е да ја поставувате периодично на кратки полнења.

2. Ја оставате батеријата целосно да се испразни

Оваа навика најмногу му штети на вашиот телефон т.е на батеријата, при што најдобро е кога ќе здогледате дека полека се празни батеријата, пример достигнала ниво до 20-30%, поставете ја истата да се полни, не чекајте нивото да опадне на 0%.

Потполното исклучување на телефонот потребно е да го правите еднаш на секои 2 месеца, за калибрирање на батеријата.

3. Дозволувате батеријата да прегрее

Батериите на паметните телефони реагираат исклучиво негативно на високите температури. Оптималниот температурен опсег е од 1 до 35 степени.

4. Пречесто користите бежичен полнач

Бежичните полначи исто така може да влијаат во прегревање на батеријата.

5. Користите погрешен кабел за полнење

Секој телефон си има свој специфичен кабел за полнење. Понекогаш некој кабел од друг произведувач може да резултира со недоволно или претерано брзо полнење на батеријата.