Речиси секој ден читаме за совети кои ветуваат дека ќе ги направат нашите животи полесни. Некои од нив се навистина ефикасни, а некои дури не се ни блиску до нашите очекувања.

Ние подготвивме за вас неколку совети , кои биле користени уште од нашите баби и дедовци.

Компири против каснување од пајак

Можеби звучи чудно, но компирот навистина може да лекува каснувања од пајаци . Пресечете свеж компир и со помош на медицински завој преврзете го местото на каснување. Менувајте го компирот на секои 12 часа.

Лукче против забоболка

Земете една лукче и пресечете го на половина. За да престане да ве боли воспалениот заб, тријте го 7 – 10 минути со лукчето.

Вотка против непријатниот мирис од стапалата

Овој метод навистина функционира, бидејќи алкохолот е во состојба да ги уништи бактериите кои се причина за непријатниот мирис на нозете . Се што треба да направите е да ги избришете нозете со парче ткаенина натопена со вотка или алкохол.

Молив против главоболка

Ќе се изненадите, но многу често главоболката е предизвикано само од фактот дека ние несвесно ги стискаме вилиците. За да престане болката, ставете молив меѓу горната и долната вилица и пробајте да ги релаксирате мускулите.

Јогурт против лош здив

Природното кисело млеко содржи големо количество здрави бактерии , кои се во состојба да ја неутрализираат лошата миризба од устата .

Маслиново масло против морска болест

Ако имате при рака маслиново масло во текот на пловењето со брод, можете да ги избегнете симптомите на морска болест . Маслото од маслинки, содржи танини , кои го враќаат сушењето во устата и помагаат да се спречи гадењето.