Интимните врски се еден прекрасен миг на задоволство. Тоа физичко дејство пропратено со романтични чувства носи многу придобивки за нашето здравје, многу повеќе отколку што можеме да си замислиме.

Како и секоја друга физичка активност, така и интимните односи, доколку престанеме да ги практикуваме, ќе ги изгубиме ползите од истите. Еве зошто експертите сметаат дека недостатокот од интимен контакт повеќе од 1 недела, носи сериозни штетни последици врз нашето здравје, а еве и кои:

1. Стрес

Интимните односи со вашиот партнер се многу практичен и пријатен начин за намалување и ублажување на стресот. Токму затоа, доколку истите престанете да ги практикувате, нивото на стрес повторно ќе се зголеми. Според едно истражување, спроведен во 2005-та година, водењето љубов со партнерот значително и постојано го подобрува физичкото и психичко здравје на личноста.

Дополнително, истите се сметаат за еден вид на вежби, кои ја подобруваат кондицијата на телото.

2. Срцеви проблеми

Сите ние знаеме дека оние луѓе кои не практикуваат никаква физичка активност, најчесто имаат проблем со срцето. Интимните односи, како еден вид физичка активност влијае токму врз подобрување на срцевата функција и во подобрување на циркулацијата на крвта.

3. Ниска самодоверба

Доколку живеете со партнерот и веќе сте поминале 1 недела без никаков интимен контакт и однос, тоа може да ве натера да се почувствувате непосакувано. Можеби ќе помислите дека веќе не го привлекувате партнерот, а тоа сериозно може да влијае во нарушување на вашата самодоверба.

Затоа експертите препорачуваат дека секогаш потребно е да се има квалитетна комуникација и секогаш да разговарате, особено доколку се соочувате со недостаток од интимна блискост во последниот период.