Работата на нашиот мозок во голем процент зависи од „горивото“, со кој истиот го снабдуваме, бидејќи поради неговата преголема активност, потребно е да секогаш да ја надополнуваме неговата енергија.

Природен и здрав коктел за обновување на мозокот

За денес ви откриваме една интересна комбинација од чудесен вкус и уште поизвонредна лековитост, содржани во природен и здрав коктел со ореви, кој може да ви даде енергија за целиот ден.

Доволно е од напитокот да консумирате 2-3 чаши неделно и за кратко ќе забележите дека веќе не се чувствувате толку уморни како претходно, ќе ви стане многу полесно да ги извршувате секојдневните обврски и вашиот ум ќе се ослободи од негативните мисли.

Моќен напиток од ореви за зајакнување на здравјето на мозокот

Потребни состојки

  • 7 ореви
  • 5 листови од нане
  • 5 л вода
  • Мед по ваш вкус

Начин на подготовка

Потопете ги оревите во вода, за да веќе следното утро нивните лековити својства се активираат. Потоа, оревите заедно со ментата додадете ги во блендер и додадете ја и водата и медот.

Сомелете ги сите состојки заедно, до добивање на мазна текстура. Прецедте во чаша или така директно, веднаш испијте го напитокот.

Коктелот е природна моќна комбинација од повеќе корисни елементи. Содржи големи количества на јод, железо и растителни протеини, кои го прават овој напиток идеален за секој, особено за оние луѓе кои се одлучиле да водат здрав начин на живот.

Лековити својства на оревите и нането

Ореви: Содржат мононезаситени масти и силни антиоксиданти, ја подобруваат умствената способност, ја зголемуваат концентрацијата и го збогатува мозокот со потребните витамини и минерали.

Мента: Има пријатно смирувачко дејство, кое го обновува дигестивниот систем и ја спречува појавата на стомачната подуеност, чувството на гадење и стомачните киселини. Го активира крвотокот при мозокот и успешно се бори против недостатокот од сон и нервозата.