После сите празници и уживање во поголеми количини на калорична и вкусна храна, колачи и солени деликатеси, време е да го прочистиме организамот и да се вратиме на секојдневната поздрава исхрана. За оваа цел, ваш најдобар сојзуник ќе биде следниот чудесен домашен зимски напиток.

Благодарение на истиот ќе ја стимулирате работата на  метаболизмот и ќе започнете да исфрлате токсини што се акумулирале во претходниот период. Еве како да го приготвите:

Зимски прочистувачки напиток на организамот

Потребни состојки

  • Половина шолја ладен зелен чај
  • Половина лимон

Начин на подготовка и употреба

Едноставно исцедете го лимонот и додадете го во зелениот чај. Добро измешајте ги состојките заедно и испијте го.

Зошто овој напиток е ефикасен?

Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај е состојка во скоро сите пијалоци за прочистување на организамот. Има корисен ефект врз црниот дроб, а бројни истражувања докажуваат дека помага во процесот на излачување на токсините. Лимонот, покрај тоа што е богат со витамин Ц и е одличен за здравјето на целото тело, го стимулира ослободувањето на ензимите, но придобивките не застануваат тука.

Лимонот содржи пектин (пребиотик) кој помага во намалување на шеќерот во крвта. Ериоцитринот е антиоксиданс кој се наоѓа во сокот од самиот лимон и во неговата кора. Тој во комбинација со други активни супстанции има моќен ефект врз намалување на воспалението, оксидативниот стрес и оптимизирање на нивото на шеќер во крвта.